Skip to main content

Рекорден број починати од Kовид19 во Русија во последните 24 часа

Руските здравствени власти денеска соопштија дека во последните 24 часа регистрирале 820 починати од Ковид 19 и 19 630 новозаразени во истиот период. Бројот на починати за едно деноноќие е највисок од почетокот на пандемијата досега.

 |   | 
погребна кола

Како што јавува агенцијата Ројтерс високите бројки се должат на делта сојот на коронавирусот и ниската стапка на вакцинација. Со ова вкупната бројка на починати од Ковид19 во Русија е 179 243 лица што ја прави да биде на прво место во Европа.