Skip to main content

Рекордна отштета на пасиониран пушач

Пресудата е најголема во историјата на државата

 |  инфодеск  | 

Поротата на судот на Флорида ѝ доделила на Cynthia Robinson, вдовица на страстниот пушач Michael  Johnson, рекорден износ на отштета во износ од 23 милијарди долари на основ нејзината тужба против вториот најголем американски производител на тутун RJ Reynolds. Пресудата е најголема во историјата на државата која некој поединец ја поднел против некоја компанија.

Robinson  ја тужела компанијата во 2008 година поради смртта на нејзиниот сопруг, тврдејќи дека во своите производи криеле опасност по човековото здравје и можност за создавање зависност.

Johnson (36), кој починал од рак на белите дробови, повеќе од 20 години конзумирал од една до три кутии цигари.

“Тој едноставно не можеше да престане. Пушеше и на денот на својата смрт”, рекол адвокатот на Robinson, Chris Chestnut.

По судскиот процес, кој траел 4 седмици, и 11 часови расправа, поротата се вратила со пресуда со која е одобрена отштета од 7,3 милиони долари на нејзиното дете, и 9,6 милиони долари на детето од Johnson од претходниот брак.

Поротата потоа расправала уште 7 часа по што на Robinson ѝ е одобрена сума од 23,6 милијарди долари отштета.

Адвокатите на тутунската компанија, која ги произведува цигарите Камел, Винстон и ПалМал, не биле достапни за коментар.

Меѓутоа, официјалниот претставник на компанијата, Jeffery Raborn навел во соопштението објавено во NewYork Times дека планираат да ја оспорат таа луда пресуда. Аналитичарите наведуваат дека слични жалби често се и успешни. 

{loadposition content9}