Францускиот производител на автомобили Renault објави дека го затвора својот главен погон во Русија на три недели.
Ова веќе го сторија и други компании кои го намалуваат производството поради колапсот на рускиот пазар.
Фабриката во Москва, со капацитет од 180.000 возила годишно, нема да работи од 16 февруари до 6 март, изјавило едно официјално лице од Renault за AFP, а потврдува весникот Ведомости. “Причината е очигледна, пад на стопанството и пазарот”, додал претставникот на компанијата.
Продажбата на рускиот пазар, кој во последните години беше втор по големина во Европа, после германскиот, опаднала за повеќе од 10% во однос на минатата година поради економските потешкотии и колапсот на рубљата, а 2015 најверојатно ќе биде уште полоша.
Американскиот производител General motors најави прекин на производството во Санкт Петерсбург од 23 март до 15 мај, а Volvo во Калуга од 11 февруари и тоа без датум за повторно започнување со работа и со отпуштање на 150 вработени.
Продажбата на автомобили во јануари опаднала за 24,4% во однос на јануари минатата година.
Во извештајот објавен неодамна, здружението на производители проценило дека продажбата оваа година ќе опадне за 35% и дека поради тоа некои производители можат потполно да ја напуштат Русија.
{loadposition content9}