Автомобилот во потполност ќе се произведува во Индија, ќе се продава по цена помеѓу 4.200 и 5.600 евра и ќе биде наменет за странски пазари, а францускиот производител својот нов автомобил ќе го нарекува “Kwid”.
“Kwid” ќе се произведува на нова заедничка платформа на Рено и неговиот јапонски партнер Нисан, што ќе овозможи механички и естетски варијации спрема потребите на клиентите во различни земји.
Во Индија, Рено и Нисан очекуваат дека, благодарение на новиот модел, ќе го достигнат пазарниот удел од по 5%.
Рено, кој моментално учествува со само 1,5% од пазарот на автомобили во таа земја, планира да ги зголеми продажните места од 157 на 280 до крајот на 2016 година.