Рено претстави нов автомобил кој чини само 4.200 евра
Автомобилот во потполност ќе се произведува во Индија
Автомобилот во потполност ќе се произведува во Индија, ќе се продава по цена помеѓу 4.200 и 5.600 евра и ќе биде наменет за странски пазари, а францускиот производител својот нов автомобил ќе го нарекува “Kwid”.
“Kwid” ќе се произведува на нова заедничка платформа на Рено и неговиот јапонски партнер Нисан, што ќе овозможи механички и естетски варијации спрема потребите на клиентите во различни земји.
Во Индија, Рено и Нисан очекуваат дека, благодарение на новиот модел, ќе го достигнат пазарниот удел од по 5%.
Рено, кој моментално учествува со само 1,5% од пазарот на автомобили во таа земја, планира да ги зголеми продажните места од 157 на 280 до крајот на 2016 година.


