Со првиот силен ветар и ладните денови се враќаат маките на сите оние кои имаат проблем од чести воспаленија на синусите. Тие се пропратени со неизбежните главоболки каде не помагаат ниту најсилните лекови. Поради тоа подобро е да се свртите кон природните методи за ублажување на болките отколку да пиете разноразни хемиски производи.
Добар сојузник во оваа борба е ренот. Препораката е да го изрендате и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од пола литар и да го затворите. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено промешување. Кога ќе помине овој рок, неколку пати во денот вдишувајте од отворот од шишето, онолку колку што можете да го издржите мирисот на смесата. Од истата течност полијте на крпа и ставете ја на челото или темето во текот на ноќта. Терапијата трае пет дена и тоа е доволно да ги разрешите непријатните главоболки.
Едно од решенијата е да изрендате 50 грами рен, ставете го во 5 dl вода на рингла да проврие. Потоа правете инхалација покриени над садот.
{loadposition content9}