Skip to main content

Реприза на Big Bang со кој пред 13,7 милијарди год. настанала вселената

На 30 март научниците во Големиот хадронски аксцелератор ќе се обидат да  ги судрат честичките со најголема енергија до сега. Опитот ќе биде изведен во исти услови што владееле во моментот на Големата експлозија, со која пред 13,7 милијарди години настанала вселената. Ова во вторник го објавил Институтот од Швајцарија ЦЕРН.

 |  Маја Савиќ  | 
big bang
големата експлозија

CERNНа 30 март научниците во Големиот хадронски аксцелератор ќе се обидат да  ги судрат честичките со најголема енергија до сега. Опитот ќе биде изведен во исти услови што владееле во моментот на Големата експлозија, со која пред 13,7 милијарди години настанала вселената. Ова во вторник го објавил Институтот од Швајцарија ЦЕРН.

teorijaЛХЦ е сместен во кружен тунел долг 27 километри под француско-швајцарската граница. Моментално работи со 3,5 тери електрон волти, најголема енергија која била постигната досега. “Првите обиди за судир на 7 ТеВ планиран е за 30 март“, пишувало во соопштението од ЦЕРН.

Според кажувањето на генералниот директор Ролф Хауер за тоа да дојде до судир ќе биле потребни часови или денови.

Повеќето судрувања ќе создадат мини Големи експлозии создавајќи податоци што 1.000 научници треба да ги анализираат со години. Тие сметале дека можат да ја откријат темната материја, за која се претпоставува дека сочинува 25 отсто од вселената. Нејзиното постоење никогаш не било докажано, пренесува “Дневник хр.“.
{loadposition content9}