Доколку успеете да решите еден од овие шест проблеми за човештвото, без оглед на тоа дали сте научник или аматер, можете да освоите награда од 10 милиони фунти.
Оваа награда, longitude act, одбележува 300 години од своето постоење, кога во 1714 година Велика Британија ги предизвикала пронаоѓачите да решат еден од најголемите предизвици за тоа време – како да се одреди позицијата на брод во морето со помош на географската должина. Овој предизвик го решил часовничар од Јоркшир, Џон Харисон, кој дизајнирал хронометар, првиот морски часовник кој овозможувал прецизна навигација.
Во обид повторно да го оживее овој пионерски дух, од јавноста се бара решение за еден од овие шест предизвици:
Парализа – како може да се врати во нормалното движење на лице со парализа.
Антибиотици – како може да се спречи растот на отпорност на антибиотици.
Храна – како може да се осигура сите да имаат пристап до здрава храна.
Деменција – како може да се помогне на лица со деменција да водат независен живот.
Летање – како може да се лета без влијание на човековата средина.
Вода – како може да се обезбеди пристап до чиста вода за пиење до сите.
Јавноста до јуни треба да избере еден од предизвиците а успешното решение ќе добие 10 милиони фунти. Временскиот рок е 5 години за негово претставување.
{loadposition content9}