Трагањето по авионот на Malaysia Airlines, кој исчезна во март на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекинг, влезе во нова фаза кога започна истражување на дното на Индискиот океан на длабочина од 6 километри
Истражувањето на јужниот дел на Индискиот океан се изведува со посебни подморници и по повеќемесечни технички анализи и мапирања на морското дно на големо подрачје за кое се верува дека ги крие остатоците на авионот во кој беа 239 патници и членови на екипажот.
Бродот GO Phoenix опремен со специјални сонари и камери поставени на подморница, пристигна на подрачјето на истрагата обележано со длабоки подморски кањони, високи гребени и подводни вулкани, објавила австралиската канцеларија за безбедност во сообраќајот (ATSB).
На Phoenix наскоро ќе му се придружат и холандскиот брод Fugro Discovery за истражување на морските длабочини, а на крајот од октомври ќе им се придружи и трет брод, Furgo Equator кој учествуваше во мапирање на тоа подрачје.
Подрачјето на истрагата е поместено повеќе на југ од она што првобитно истражителите го заклучиле како подрачје каде авионот летал пред да остане без гориво и се срушил.
Подрачјето на трагање е околу 1800 километри југозападно од Перт.
{loadposition content9}