Skip to main content

Роберт Гејтс е против повлекување на американските сили од Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс синоќа се спротистави на барањето за утврдување на рок и стратегија за повлекување на американските сили од Авганистан.

 |  Крсте Голабовски  | 
Robert Gates
Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс синоќа се спротистави на барањето за утврдување на рок и стратегија за повлекување на американските сили од Авганистан.

Robert Gates– Поставувањето на рокот за завршување на воените операции во Авганистан би била стратешка грешка. Поразот во Авганистан би значел огромен чекор назад за САД и би можел да има катастрофални последици, во смисла зајакнување на исламските екстремисти и на операциите на Ал Каеда.

Тој истакна дека не постои несогласување помеѓу американскиот претседател Барак Обама и воените команданти.
Државниот секретар Хилари Клинтон истакна дека при донесувањето на одлуката за испраќање на дополнителен број на војници во Авганистан Обама ќе ги почека резултатите од претседателските избори во Авганистан.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен истакнувајќи ја пред САД улогата на европските и канадските сојузници во Авганистан наведе дека и покрај жртвите нема да има повлекување на војниците.

– Знам дека многумина во Вашингтон се разочарани од ограничувањата наложени од земјите-членки на НАТО, неопходно е Алијансата да испрати дополнителен број на војници, истакна Расмусен пред Атлантскиот совет во Вашингтон.

Вo мисијата на НАТО во Авганистан учествувааѕ 35.000 војници од сојузничките држави или 40 проценти од вкупниот број на Алијансата и нивниот број продолжува да расте. Шеснаесет држави испратија дополнителни сили и ниту едба не ги повлекуцва војниците. Сојузниците не бегаат од војното поле, 14 држави имаат војска во јужниот дел на Авганистан, каде се борат заедно со Американците. Дваесет држави дадоа жртви во битките, а некои претрпеа многу големи загуби. Нема да дозволам некој да тврди дека Европејците и Канаѓаните не платија скапо за успехот во Авганистан.

Претходно командантот на војските на САД и на Меѓународните сили за безбедност во Авганистан (ИСАФ), американскиот генерал Стенли Маккристал официјално побара од Пентагон испраќање на дополнителен број на американски војници во Авганистан.

Тој побара да се испратат уште 40.000 војници за американскиот контингент во Авганистан, кој во моментот брои 65.000.

{loadposition content9}