Skip to main content

Проект FAIRY

Роботи „самовили“ ќе ја опрашуваат планетата

Тим научници од Универзитетот Тампере има можно решение за загрижувачкото опаѓање на популации на опрашувачи: мали роботи „самовили“. Fairy, или Летечки Аеро-робот базиран на материјали кои реагираат на светлина, може да лета на ветер и е контролиран од светлината. Истражувачите Хао Зенг и Џанфенг Јанг ги дизајнирале овие мали самовили за да го имитираат еден од најдобрите опрашувачи на природата, глуварчето.
 |  инфодеск  |  ,
робот самовили глуварче

Опаѓањето на популациите на опрашувачи низ целиот свет предизвикуваат загриженост. За да го помогнат опрашувањето во природата како основа на екосистемот,тим научници од Универзитетот Тампере во Финска има можно решение. Fairy, или Летечки Аеро-робот базиран на материјали кои реагираат на светлина, може да лета на ветер и е контролиран од светлината. Светлосните роботи се изработени од стимулативни полимери.

“Развојот на стимулативни полимери донесе богатство од можности поврзани со материјалите за малите роботи од следната генерација. Овие специјални полимери биле користени за да се направат мали роботи да одат, да пливаат и скокаат, но никој не ги користел успешно за да направат роботите да летаат – до сега.“ – вели водачот на групата и академски истражувач Хао Зенг.

Зенг и неговиот колега Џанфенг Јанг создадоа нов дизајн инспириран од глуварче за нивниот проект наречен САМОВИЛА, или Летечки аеро-роботи базирани на Светлосно респондентни материјали. Минијатурниот робот е супериорен во однос на своите природни колеги.
Истражувачите следно ќе се фокусираат на подобрувањето на дизајнот и зголемувањето на истиот за да ги зголемат бенефитите. Ќе работат на чувствителноста на полимерот за да може микро-роботите да се контролираат на дневна светлина. Тие, исто така, ќе најдат начини да носат мали електронски уреди како GPS и сензори, и хемиски соединенија.

роботи самовила

Проектот Fairy, се развива веќе нешто повеќе од една година и има крајен датум до август 2026 година. Постојат многу предизвици за надминување и прашања за одговор, но Зенг и неговиот тим се уверени дека можностите се бесконечни.

“Ова ќе има огромно влијание врз земјоделството на глобално ниво откако загубата на опрашувачи поради глобалното затоплување стана сериозна закана за биодиверзитетот и производството на храна.”- велат научниците.

Во иднина милиони вештачки глуварчиња кои носат полен би можеле слободно да се распрснат од природните ветрови и потоа да се управуваат со светлина кон одредени области со дрвја или цвеќиња кои чекаат опрашување.

Извор:GoodNewsNetwork