Род Благоевич разрешен
Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич.
| Крсте Голабовски | Свет
Род Благоевич
Сенатот на сојузната американска држава Илиноис вчера го разреши Род Благоевич од гувернерската функција поради злоупотреба на службената положба и обид за продажба на сенаторското место, ослободено по изборот на Барак Обама за претседател на САД.
Повеќе од две третини од вкупно 59 сенатори се изјасниле дека Благоевич е виновен, со што тој е ефективно сменет од функцијата гувернер на Илиноис.
Благоевич е првиот гувернер во историјата на Илиноис, кој е отповикан и сменет од функцијата.
Претходно тој побара од сенаторите на оваа американска држава да не го изгласуваат неговото разрешување.
Одлуката на Претставничкиот дом за разрешување на гувернерот, Благоевич ја нарече „политичка одмазда“.

{loadposition content9}