„Рок“ масакр во Њу Јорк
Еден музичар од иранско потекло во Њујорк убил три лица, меѓу кои и браќа – членови на ирански рок-бенд, кои во САД се доселиле пред три години, а потоа извршил самоубиство, соопшти полицијата.
Еден музичар од иранско потекло во Њујорк убил три лица, меѓу кои и браќа – членови на ирански рок-бенд, кои во САД се доселиле пред три години, а потоа извршил самоубиство, соопшти полицијата.
Нападот се случил во Бруклин, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, а во пукотницата е рането уште едно 22-годишно момче.
Убиени се браќата Соруш Фаразманд (27), неговиот брат Араш Фаразманд (28) и пејачот на инди рок-бендот Јелоу догс, Али Ександаријан (35), јавува Wall Street journal.
Нивните тела биле најдени на горниот кат од трикатна зграда во Бруклин, каде што членовите на групата, формирана во 2006 во Техеран, живееле и вежбале.
Телото на напаѓачот, како и автоматска пушка, биле најдени на покривот на зградата. Полицијата го идентификувала како Али Акбар Мохамади Рафи (29) од Квинс.Акбар бил бивш член на друг рок-бенд, Фри кис, чии членови биле блиски со овие на Јелоу догс.Во Иран за рок-музиката се смета дека е во спротивност со исламот.
{loadposition content9}