Русија со нов антиракетен штит
Русија развива нов ракетен систем, со кој ќе може да ја брани земјата од оружје од вселената, кое Вашингтон сака да го развие.
Русија развива нов ракетен систем, со кој ќе може да ја брани земјата од оружје од вселената, кое Вашингтон сака да го развие.
„Градиме нов состав кој нема да биде подобар само од антиракетниот, туку и од вселенскиот“, изјави командантот на руското воено воздухопловство, Александар Зелин.
Тој потенцираше дека развојот на проектилот S-500, е приоритет на руското воено воздухопловство, бидејќи според него, САД, до 2030 година ќе располагаат со вселенски проектили, кои ќе може да ја гаѓаат руската територија.
„Заканата не е виртуелна, туку реална“, истакна Зелин, потенцирајќи дека системот ќе може да го уништи секој балистички проектил, а ќе има домет 3 500 километри.
{loadposition content9}