Skip to main content

Русија се претстави со нов борбен авион

Русија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион.

 |  Маја Савиќ  | 
Sukhoi
Сукхои

SukhoiРусија до крајот на јануари ќе го тестира својот нов борбен авион од петтата генерација за кој се претпоставува дека е одговор на технолошката супериорност на американското воздухопловство, изјавија извори од руската армија.

Надзвучниот борбен авион е невидлив за радарите, а има и напредни управувачки и борбени уреди.

Авионот се развива во компанијата Сухој и се очекува да биде готов до крајот на овој месец.

Воените експерти, новиот авион го гледаат како одговор на американскиот Ф-22 Рептор кој се смета за најнапреден авион од петтата генерација.







{loadposition content9}