Skip to main content

Русија сака нов глобален финасиски систем

На априлскиот самит на Групата 20 во Лондон, Русија ќе ја брани идејата за формирање нов светски финансиска систем, најави рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин.

 |  Крсте Голабовски  | 
banka
банка
На априлскиот самит на Групата 20 во Лондон, Русија ќе ја брани идејата за формирање нов светски финансиска систем, најави рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин.

Во интервју за британската телевизија Би-Би-Си, Кудрин истакна дека претстојниот самит на индустриски најразвиените земји и на држави со стопанства во брз развој, прво мора да даде одговори на прашањата покренати на претходниот состанок на Г20 во Вашингтон.

На состанокот во британскиот главен град ќе се решава и прашањето за помош на земјите во услови на финансиска криза, а рускиот министер за финансии по тој повод изрази стравување дека ММФ и Светската банка нема да имаат доволно средства за оваа потреба.

bankaГоворејќи за реформата на светскиот финансиски систем, Кудрин истакна дека земјите во развој мора да бидат застапени на соодветен начин во финансиските институции, како што е ММФ и во процесите за усовршување на новите правила, кои само во тој случај можат да бидат легитимни.
Истакнувајќи дека е неопходно проширување на составот на учесниците на форумот за финансиска стабилност, тој додаде дека правилата треба да бидат транспарентни и обврзувачки за сите земји, вклучувајќи ги и водечките економски сили, како што се САД, Велика Британија, односно земјите на Г8 во целина.

На прашањето дали во светот постои опасност од протекционизам, рускиот министер за финансии одговори потврдно, укажувајќи дека „протекционизмот е еден од предизвиците на светската економија“.
Според него, протекционизмот нема да ја запре светската економија, но секако ќе го уназади нејзиниот развој.

 

 

 

{loadposition content9}