Канцеларијата на египетскиот премиер објави дека руски цивилен авион се сруши над средишниот дел на полуостровот Синај и дека е основана комисија која ќе ги истражува околностите под кои се случила несреќата.
Воздухопловни извори изјавиле дека во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот, пренесува агенцијата AFP.
Медиумите порано изјавија дека египетската контрола на летање изгубила контакт со патничкиот авион недолго откако полетал од аеродромот во Шарм Ел-Шеик кон Русија.
Изворот наведува дека во авионот се наоѓале воглавно руски туристи.
Руската новинска агенција РИА објави дека станува збор за авион Airbus А-321 на компанијата Kogalymavia кој патувал на релација Шарм Ел-Шеик – Санкт Петерсбург.
Првата информација која ја пренесе BBC беше дека патнички авион изгубил контакт над египетскиот полуостров Синај.