Руски авион со 224 патници се сруши над Синај
Египет официјално потврди дека авион со 224 патници се урна над Синај
Канцеларијата на египетскиот премиер објави дека руски цивилен авион се сруши над средишниот дел на полуостровот Синај и дека е основана комисија која ќе ги истражува околностите под кои се случила несреќата.
Воздухопловни извори изјавиле дека во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот, пренесува агенцијата AFP.
Медиумите порано изјавија дека египетската контрола на летање изгубила контакт со патничкиот авион недолго откако полетал од аеродромот во Шарм Ел-Шеик кон Русија.
Изворот наведува дека во авионот се наоѓале воглавно руски туристи.
Руската новинска агенција РИА објави дека станува збор за авион Airbus А-321 на компанијата Kogalymavia кој патувал на релација Шарм Ел-Шеик – Санкт Петерсбург.
Првата информација која ја пренесе BBC беше дека патнички авион изгубил контакт над египетскиот полуостров Синај.


