Руски брод на духови се приближува кон Велика Британија
Напуштен брод полн со заразени глувци кој со години плови по северните мориња се приближува до британскиот брег.
Напуштен брод полн со заразени глувци кој со години плови по северните мориња се приближува до британскиот брег.
Рускиот брод „Љубов Орлов“ плови во Северниот Атлантик од 2012 година, без посада, а на него има само глувци кои се јадат едни со други. Тој бил истражувачки брод изграден 1976 година и со своето патување завршил во Канада.
На патот до отпадот во Доминиканската Република минатата недела се случила несреќа и се скинала сајлата со кој бил влечен и бродот останал на отворено море.
Бродот добил име по познатата советска актерка, а бил изграден во поранешна Југославија во бродоградилиштето во Краљевица. Служел за истражување и често пловел во замрзнатите води на Арктикот и Антарктикот.
Бил укотвен поради долг на сопственикот од 251.000 долари, а неговата посада која броела 51 морнар пет месеци не добивала плата.
{loadposition content9}