Skip to main content

Рускиот гас протече кон Европа

Европските корисници се во очекување на првите количини руски гас, што изутрината почна да се транспортира преку Украина, по еднонеделен прекин.

 |  Крсте Голабовски  | 
ventil
вентил
Европските корисници се во очекување на првите количини руски гас, што изутрината почна да се транспортира преку Украина, по еднонеделен прекин..
          
Испораките на рускиот гас се обновени нешто по 08,00 часот по средно европско време.
 
Главниот диспечер на Гаспром наложи транспорт на првите 76,6 милиони кубни метри гас дневно преку Украина, а први ќе бидат снабдени потрошувачите од Балканот, Молдавија и Турција.
 
Гаспром соопшти дека снабдувањето на Балканот е приоритет, така што пробната испорака почнува преку гасната станица Суџа, во Русија, преку станицата Орловка во Украина.
 
Украинската компанија Нафтогас соопшти дека за за транспортот на гасот од источната до западната граница ќе бидат потребни 36 часа.
 
ukrainciПотпретседателот на Гаспром, Александар Медведев, соопшти во понеделник дека „конкретното време кога гасот од Русија може да стигне до европските потрошувачи зависи не само од Гаспром, туку и од состојбата на транспортниот систем на Украина“, односно, дали во цевките го има потребниот технички гас.
 
„Цевките не се празни, гасот во нив го има како што тоа го бараат технолошките норми“, соопшти денеска украинската страна.
 
Русија на 7 јануари ја прекина испораката на гас за европските потрошувачи,.со образложение дека Украина „краде гас“, а ден претходно беше прекината испораката кон Балканот.
 
Рускиот гас повторно протече кон Европа, откако беше постигнат договор за меѓународен мониторинг на транзитот на гасот преку Украина. Документот во понеделникот го потпишаа Европската комисија, Русија и Украина.

 

 

 {loadposition content9}