Skip to main content

Извештај на Гугл

Руски хакери нападнале мрежи на НАТО

Во најновиот извештај на групата „Трет анализис” (Threat Analysis) на Гугл (Google) се наведува дека руските хакери неодамна се обиделе да ја пробијат мрежата на НАТО и на армијата во некои источноевропски земји.
 |  инфодеск  | 
Седиште на Нато

Руски хакери неодамна се обиделе да ги пробијат безбедносните мрежи на НАТО и вооружените сили на одредени источноевропски земји, објави денеска Аналитичката група на Гугл што анализира закани.

Во извештајот не се наведува кои биле целите на нападот, кој се опишува како обид за кражба на лозинки, податоци од мејлови или други комуникациски канали, но се наведува дека нападот го извршила руската група „Колдрајвер“ или „Калисто“.

Ваквите напади беа извршени со помош на нови сметки на gmail и отидоа на сметки кои не се на Гугл, па не се знае колку биле успешни – се вели во извештајот на тимот на Гугл. 

(МИА)