Рускиот метеор, 60 пати повреден од злато
Голем број на ловци на богатство пристигнаа во Челјабинската област во Русија каде на 15 февруари падна голем метеор.
Голем број на ловци на богатство пристигнаа во Челјабинската област во Русија каде на 15 февруари падна голем метеор.
Голем број на ловци на богатство пристигнаа во Челјабинската област во Русија каде на 15 февруари падна голем метеор, со надеж дека ќе пронајдат делови од огромниот метеор кој падна и чија вредност од еден грам може да достигне цена од 2500 евра, што е 60 пати повеќе од цената на златото, чија моментална вредност е 40 евра.Колекционерите секојдневно лицитираат за истите преку интернет сајтовите и ја зголемуваат сумата. Просечна цена за небескиот камен е 7.000 евра, а за најситните парчиња треба да издвоите дури 500 евра.
Фокусот на потрагата по метеорот е замрзнатото езеро Чебадел во Челјабинската област, каде е направен кратер со пречник од шест метри.
Ловцте на богатство користат детектор за метал и во замрзнатото езеро низ дупките ги протнуваат големите магнети со чија помош се излекуваат космичките камења што содржат барем 10 одсто железо.
{loadposition content9}