Skip to main content

САД избегнаа банкрот во последен момент

Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија договорот со кој заврши делумната блокада на владата, и со тоа ја оттргна земјата од работ на историски банкрот кој се закануваше со глобална финансиска катастрофа.

 |  Голабовски Крсте  | 
kapitol Hil
капитол Хил

 

Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија договорот со кој заврши делумната блокада на владата, и со тоа ја оттргна земјата од работ на историски банкрот кој се закануваше со глобална финансиска катастрофа.

Претседателот Барак Обама го потпиша законот, со кој привремено се поправаат, фундаменталните разлики околу буџетот меѓу репбликанците и демократите.

Barak ObamaСо договорот, кој најпрвин беше изгласан од Сенатот контролиран од демократите на Барак Обама, а потоа и од Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците, се деблокира работата на владата до 15 јануари. Исто така му се дозволува на Министерството за финансии да позајмува нормално до 7 февруари, со можност за уште еден дополнителен месец.

Во договорот не е вклучено барањето на републиканците да се повлече законот за здравствена заштита познат како „Обамакер“. Претседателот Барак Обама изјави дека им претстои многу работа, вклучувајќи ја и потребата да ја обноват довербата во американскиот народ што ја загубија во изминатите неколку недели.

По одобрувањето на договорот, Белата куќа соопшти дека стотиците илјади вработени во федералните служби кои, поради делумната блокада на владата со стапувањето на новата фискална година, од 1 октомври се наоѓаа на принуден одмор, можат да се вратат на работа. Според договорот, тие ќе добијат нормална плата.

{loadposition content9}