Skip to main content

САД ја повикаа Канада да ја прекине блокадата на камионџиите

Американската администрација ја повика Владата на Канада да ги искористи своите овластувања и да ја прекине блокадата на камионџиите кои протестираат против ограничувањата воведени во земјата во борбата против ковид 19.

 |   | 

Од 7 февруари, камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит во САД, принудувајќи ги автомобилските компании привремено да ги затворат фабриките или да го намалат производството.

Од кабинетот на премиерот Џастин Трудо соопштија дека постои подготвеност да се „реагира со сите потребни средства“ за да се пробијат блокадите.

Мостот Амбасадор е најфреквентниот американско-канадски граничен премин преку кој се одвиваат 25 отсто од вкупната трговска размена меѓу двете земји.

Стотици демонстранти во камиони ги парализираа улиците во центарот на Отава речиси две недели.