Skip to main content

САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hilari Klinton
Хилари Клинтон
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно.
За време на посетата на Кина, Клинтон изјави дека се надева оти на самитот на Г20 во Лондон во април ќе биде усвоен договор за протокот на капитал вон границите на одделни држави.

KlintonoviТаа додаде дека Вашингтон ја цени довербата на Пекинг во однос на задолженоста на американската Влада со оглед на тоа дека Кина има девизни резрви од два билиона долари и огромен суфицит во трговската размена со САД.
Посетата на Кина е последна „станица“ за време на азиската турнеја во која ги посети Јужна Кореја, Индонезија и Јапонија. Тоа е нејзино прво патување во странство во својство на државен секретар.

 

{loadposition content9}