Skip to main content

САД му објави војна на пушењето

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама двојно ќе ги зголеми напорите за ограничување на пушењето цигари, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

 |  Голабовски Крсте  | 
baner
банер

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама двојно ќе ги зголеми напорите за ограничување на пушењето цигари, пишува весникот „Фајненшл тајмс“.

banerВо денеска објавениот извештај по повод 50-годишнината од првиот владин извештај за пушењето во САД, се предупредува дека досега постигнатите успеси во борбата против оваа штетна навика, не се гаранција на напредок и во иднина. Во извештајот, изготвен од американската владина служба за јавно здравство, се напоменува дека додека во 1965 година 43 отсто од населението во САД биле пушачи, денес тој процент изнесува 18.Сепак, се додава во документот, секој ден над 3.200 млади лица под 18 години ја палат првата цигара.

– Треба да го прекинеме конзумирањето на цигари и да одгледаме генерации ослободени од оваа навика, изјави раководителот на владината служба за јавно здравство Борис Лучњак.

Тој повика на воведување построги мерки против пушењето, промени во даночната политика и полесен пристап до лекувањето за откажување од пушењето.Во извештајот се наведува дека оваа штетна навика може да биде ограничена и преку намалување на количеството на никотин во тутунските производи, со цел да се намали зависноста.

{loadposition content9}