Skip to main content

САД: Промотивна акција – ако купиш автомобил ќе добиеш калашников

Досетлив продавач на автомобили во САД со акција кој ќе купи возило ќе добие калашников. Рекламата вродила со плод бидејќи продажбата му се зголемила благодарејќи на пушката АК-17.

 |  Маја Савиќ  | 
reklama
промотивна понуда
Досетлив продавач на автомобили во САД со акција кој ќе купи возило ќе добие калашников. Рекламата вродила со плод бидејќи продажбата му се зголемила благодарејќи на пушката АК-17.
reklama
“Почнавме во средата 11 ноември, на денот на воените ветерани. За четири дена за три пати ја зголемив продажбата“, кажал Ник Гинета, директор на продажба на “Nations Trucks“ во Стенфорд на Флорида.

Тој за секој продаден пик-ап нудел купон за полуавтоматска пушка калашников. Оружјето можело да се подигне во продавница за оружје, која се наоѓала во близина на салонот за возила.

“Сакав да привлечам внимание, сакав да се зборува за мене. Тоа е реклама: Сепак не очекував ваков успех“, рекол Гинета, поранешен ветеран и активист за правото за носење оружје, пренесуваат американските медиуми.

Човекот за четири дена издал 21 купон за пушка. Планирал да продолжи со промотивната акција, во магацинот имал стотина парчиња од оружјето.

{loadposition content9}