Skip to main content

САД го слави Денот на независноста

Соединетите Американски Држави денеска го празнуваат националниот празник – Денот на независноста.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Соединетите Американски Држави денеска го празнуваат националниот празник – Денот на независноста.

RasmorНа овој ден пред 233 години е потпишана Декларација за независност од британската империја. Американскиот Конгрес всушност ја прифатил Декларацијата за независност на 2 јули 1776 година, меѓутоа таа била одобрена два дена подоцна, со сменета варијанта на документот, по што законодавниот дом побарал овој акт да биде објавен.
Поради тоа 4 јули се смета за „роденден“ на САД.
И покрај економската криза, во повеќето американски градови денеска ќе се одржат паради, а за подоцните часови се подготвува спектакуларен огномет.
Претседателот Барак Обама националниот празник ќе го прослави во резиденцијата во Кемп Дејвид, во државата Мериленд, каде освен празникот ќе биде прославен и 11-от роденден на неговата ќерка Малија.

Обама заедно со своето семејство ќе се вратат утре во Вашингтон, каде вечерта по локално време ќе приредат прием за семејствата на 1.200 војници со празнична скара на јужната полјана пред Белата куќа.

Во зградата на Конгресот ќе се одржи празничен концерт, на кој ќе учествуваат Арета Френклин и Бари Манилоу.

Американскиот потпретседател Џозеф Бајден ќе го прослави националниот празник со американските војници во Ирак, додека неговата сопруга Џил, која се наоѓа на петдневна турнеја низ Европа, вчера ги посети војниците на САД во Германија.

{loadposition content9}