Во Google повеќе не прашуваат бесмислени прашања туку сега бараат конкретни работи кои помагаат во оценување на кандидатот.
Google отсекогаш бил познат по неверојатно тешки и комплицирани прашања кои се поставувале на кандидатите за време на интервјуто за работа и многу од кандидатите не знаеле да одговорат на такви прашања. Така Google поради бизарните прашања како “колку топчиња за голф може да собере еден автобус” или “колку бензиски пумпи има на Менхетн”, стекнал репутација на компанија која има изнимно големи стандарди при вработување, но неодамна престанале со поставување на вакви прашања и признале дека тие немаат никаков смисол.
“Тие прашања се губење на време”, вели Laszlo Bock од Google a пренесува Business Insider.
Наместо такви прашања, Google сега користи “бихевиорални прашања” со кои сакаат да дознаат се за дотогашното работно искуство на кандидатот и го испрашуваат на начин на кој решиле некои тешки аналитички проблеми. На тој начин можат да дознаат многу повеќе информации за кандидатите, отколку со бесмислените прашања. Google така може да дознае како кандидатот се однесувал во вистински и тешки ситуации во кои се нашле за време на кариерата и воедно можат да дознаат кои задачи кандидатот ги смета за тешки.
Исто така, компанијата во последно време вработува помалку луѓе со факултет, бидејќи многу поважно од дипломата им се способностите на кандидатите – како можноста за учење, брзо решавање на проблем, извлекување на заклучок од наизглед неповрзана информација, и најважно кандидатите да имаат лидерски способности. Bock додал дека не бараат лидер како претседател на шаховски клуб, туку лица кои ќе знаат кога треба да се води проект, а кога треба да слушаат и да следат друг лидер.
Она што е посебно интересно е дека оваа компанија никогаш не бара експерти за одредени подрачја бидејќи сметаат дека тие ќе го пронајдат решението за одреден проблем на начин на кој многу слични проблеми се рашени милион пати.
Токму тоа е она што му е потребно на Google – иновативни и способни лица кои ќе бидат лидери и тимски играчи кои брзо ќе го пронајдат решението за проблемот, а не оние кои знаат колку топчиња за голф ќе собере во автобус.
{loadposition content9}