“Веќе 40 години како доброволно не работам ништо”, објаснил за фламанскиот весник Het laatse nieuws, 64 годишниот Белгијанец кој од разбирливи причини сакал да остане анонимен.
“Проживеав убав живот и никој досега не ме вознемирувал. Работев помалку од една година и тоа е се. Идната година одам во пензија”, наведува H.B. кој има иуниверзитетска диплома.
Имено, работен стаж од 200 дена е законскиот минимум за добивање помош, која сега изнесува околу 1000 евра.
“Бев активен службеник во јавниот сектор. И тука не се претргнав од работа. По цел ден седев и гледав се да биде по прописите. Времето го убивав со читање. По неколку месеци ми здосади. Бидејќи одработив 200 дена, стекнав право за надоместок за невработени”, рекол тој.
Во текот на изминатите четири децении, заводот за вработување скоро никогаш не му понудил работа.
“Еднаш добив известување од една симпатична службеничка дека постои испразнето место во образование. Ме праша дали сакам да се пријавам”, раскажува H.B., додавајќи дека на лице место измислил некаков изговор за да не оди на разговор.
“Од тогаш не ме вознемируваа повеќe. А кога пред 15 години поминав 50 години старост, не ми се ни јавуваа повеќе”, наведува тој.
“Тоа е како да не постојам, но јас сеуште секој месец ги добивам своите 1000 евра надоместок”, заклучува H.B.
{loadposition content9}