Откако во Samsung беа задоволни со продажбата на својот најсилен модел Galaxy 6, само неколку месеци по претставувањето оваа компанија ја намали неговата цена за да ја подобрат продажбата. Иако станува збор за еден од најдобрите модели на пазарот, големиот притисок од конкуренцијата го направи своето така што оваа компанија во последните квартали забележа намалување на продажбата на своите паметни телефони.
Гласините за новиот модел од Galaxy серијата веќе кружат по интернет, а ако тие гласини се покажат како вистинити, јужнокорејската компанија Galaxy 7 би требало да го претстави веќе во јануари, односно за два месеци. Со оглед на тоа дека кон крајот на февруари се одржува најголемиот саем на светот за мобилни телефони на кој големите компании често ги претставуваат своите најдобри уреди, Samsung би можел да побрза и со тоа да привлече повеќе корисници. Но, раното претставување се чини нема да биде единствен адут на компанијата и спрема кинескиот аналитичар Pan Juitang тие додатно ќе ја намалат цената на Galaxy 7 за да биде поконкурентен на пазарот. Се зборува дека цената ќе биде за 10% помала во однос на Galaxy 6 чија цена веќе беше намалена така што неговиот наследник ќе биде ценовно поповолен од новиот модел на iPhone и останатите топ модели на големите мобилни компании.
Секако дека на овој начин ќе ја зголемат продажбата и уделот на своите телефони на пазарот, но Samsung на тој начин ќе ја намали профитната маржа и ќе отствари помали приходи по продаден телефон. Освен Galaxy 7, Samsung за следната година припрема и негова Edge верзија со заоблен екран и нови модели на Note и Edge+ чие претставување сепак не би требало да го очекуваме пред август или септември.