Со помалку од 7 мм дебелина, Samsung Galaxy Alpha е еден од најтенките Galaxy модели на сите времиња, а неговата конструкција и малата тежина пружаат удобно чувство в рака и одлична контрола врз уредот.
Galaxy Alpha носи нов пристап во дизајнот, соопштено е од компанијата. Најновиот Galaxy смартфон поседува софистициран дизајн, внимателно осмислено компактно тело со метална рамка. Покрај тенкиот и лесен дизајн, Alpha има моќен хардвер и функции кои корисниците ги очекуваат од Galaxy моделите. Уредот поседува HD Super Amoled екран од 4,7 инчи, и HDR камера за фотографирање и снимање. Исто така, Alpha доаѓа со иновативните и популарни функции како што се Power Saving Mode, S Health, Finger Print Scanner, Private mode и поврзување со најновите преносливи уреди Samsung Gear Fit, Gear Live и Gear 2.
Генералниот директор и претседател на дивизиите за IT и мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronic, J.K.Shin, рекол дека Galaxy Alpha е креиран и дизајниран на основа на желбите на корисниците.
Galaxy Alpha смартфонот се очекува во продажба кон крајот на септември.
{loadposition content9}