За време на претставувањето на Galaxy Note5, Samsung го претстави и новиот паметен часовник Gear S2, уред кој отскокнува од својот претходник Gear S.
Драстичната разлика помеѓу овие уреди се гледа од самиот дизајн, па така Gear S2 е со кружен облик за разлика од претходникот кој имаше квадратен облик. Но, и покрај новиот дизајн Samsung наиде на критики на медиумите дека повторно го копира Apple, па така иконите ќе бидат слични како оние кај Apple Watch со таа разлика што на S2 иконите не се подредени како што е случај кај Apple Watch.
BGR отиде дотаму што напиша “конечно можеме да видиме како ќе изгледа округлиот Apple Watch”.
Нема премногу детали за уредот, а нема ниту цена колку би чинел, а сигурно е дека нема да биде евтин. Повеќе детали се очекуваат на саемот во Берлин на почетокот на септември.