Сара Пејлин го обвини Џорџ Буш за изборниот неуспех на републиканците
Кандидатот за потпретседател на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Сара Пејлин ја обвини администрацијата на се уште актуелниот шеф на државата Џорџ Буш, дека нејзината политика е главна причина за загубата на републиканците на изборите, што се одржаа на 4 ноември.
| Крсте Голабовски | Свет
Сара Пејлин
Кандидатот за потпретседател на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Сара Пејлин ја обвини администрацијата на се уште актуелниот шеф на државата Џорџ Буш, дека нејзината политика е главна причина за загубата на републиканците на изборите, што се одржаа на 4 ноември.
Гувернерот на Аљаска одби да каже дали ќе се кандидира за претседателската фунција, по четири години, нагласуваќи оти се уште е рано да се говори за тоа.
Пејлин сепак напомена дека нема да ја пропушти следната политичка можност, која ќе и се укаже.
„Доколку Господ сака да влезам во Белата куќа се надевам дека ќе ми го покаже патот“, нагласи Пејлин, мајка на пет деца, која за време на изборната капања, ставаше голем акцент на религијата.
Пејлин напомена дека таа воопшто не сакала да ја задржи облеката, за која нејзината партија за време на кампањата потроши 150 илјади долари. Овој случај предизвика бранувања во јавноста, со оглед на тешката економска криза во САД.
Таткото на Пејлин, Чак Хит изјави дека неговата ќерка викендот го минала во тоа да одреди која облека е купена од републиканците, со цел да и ја врати на партијата.
Облеката, која кандидатите ја носат за време на камањата за претседателските избори, по традиција и се враќа на партијата, а потоа се дели за добротворни цели.

{loadposition content9}