Skip to main content

Скотланд јард забрза антитерористичка акција во Англија

Британската полиција синоќа во северозападна Англија уапси 12 лица осомничени за терористички заговор, во операција која е изведена порано поради откривањето на тајни документи за акцијата по грешка на вториот човек на Скотланд Јард.

 |  Крсте Голабовски  | 
natpis
натпис
Британската полиција синоќа во северозападна Англија уапси 12 лица осомничени за терористички заговор, во операција која е изведена порано поради откривањето на тајни документи за акцијата по грешка на вториот човек на Скотланд Јард.
Рацијата е изведена на десет локации во Манлестер, Ливерпул и Клитеро. Меѓу 12-мината уапсени најстартиот е на возраст од 41 година, а најмалдиот е на постар тинејџер. Десетмина од нив се Пакистанци, кои во Велика Британија престојувале со студентски визи, додека другите двајца се британски дрзавјанин.

Претставник на полицијата од регионот каде беше изведена акцијата потврди дека безбедносните сили реагирале по добиените разузнавачки сознанија, но дека операцијата е започната откако највисокопоставениот функционер во одделението за контратероризам, заменик-комесарот на Скотланд Јард, Боб Куик предизвикал безбедносна тревога.
Имено, доаѓајќи на состанок кај британскиот премиер Гордон Браун, Куик невнимателно ги покажа тајните материјали пред камерите на насобраните фоторепортери во Даунинг стрит 10. Документите на кои јасно се гледа дека се заведени како „строга тајна“, заменик-комесарот ги носеше во раце, надвор од службената папка и сосема отворени, изложувајќи ги кон објективите на фоторепортерите.

natpisВо нив се содржани детали за контратерористичката операција која веќе беше започната, па само некој час по состанокот кај премиерот, но порано од претходно договорениот почеток, вооружените полициски сили од одделот за антитероризам го уапсија првиот осомничен. Апсењето е извршено во библиотеката на Универзитетот „Џон Морс“ во Ливерпул, во присуство на многу вчудоневидени студенти, кои и не знаеле што се случува.
Безбедносниот пропуст на заменик-комесарот на Скотланд Јард предизвика бурна реакција на британската опозиција која побара оставка од Куик, инсистирајќи дека станува збор за грешка која го изложила на „потсмев и понижување“.
Боб Куик синоќа јавно се извини за сторениот пропуст и изрази, како што вели во писменото соопштение, „длабоко жалење“ поради својата невнимателоност.

Британскиот министер за внатрешни работи Џаки Смит одби да го коментира инцидентот со откривањето на тајните, инсистирајќи на истакнувањето на „успешно изведената операција“. Таа им честита на сите кои беа вклучени во откривањето и апсењето на осомничените, оценувајќи дека акцијата е „високо професионално изведена“, но предупреди дека Велика Британија и натаму се соочува со сериозна терористичка закана.

{loadposition content9}