Тракторот со приколка во кој се наоѓале матурантите излетал од патот Лабин-Пртлог при што десеттина ученици се здобиле со повреди и биле пренесени во Општата болница во Пула и КБЦ Риека .
Најголем дел од повредите се предизвикани од остри камења, објави порталот истарски.хр. Според првичните информации нема потешко повредени, но триесетина од нив се здобиле со полесни физички повреди. Повеќе од десет амбулантни возила од цела Истра се упатиле кон Пртлог.
Несреќата се случила околу 10:40 часот на патот Лабин – Пртлог. Според неофицијални информации, на тракторот му откажале сопирачките.
Хрватските медиуми објавија дека се работи за група матуранти од гимназијата „Мате Блажина“ од Лабин, кои по прославата на последниот училишен ден традиционално натоварени во два камиони и два трактори заминале на прославата во Пртлог.
На местото на несреќата излегле екипи пожарникари, полиција, бројни амбулантни возила и родители.