Skip to main content

Се разведува Марин, најмладата премиерка на светот

Марин и Раиконен се венчаа во 2020 година додека Марин беше премиерка на Финска и се справуваше со корона кризата.
 |  инфодеск  |  ,
Сана Марин

Финската премиерка во заминување Сана Марин (37) поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Маркус Раиконен.

„Ние сме благодарни за 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, објавија Марин и Раиконен во посебни објави на Инстаграм, пренесува Ројтерс.

Марин и Раиконен се венчаа во 2020 година додека Марин беше премиерка и се справуваше со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Сана Марин стана најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, но нејзината Социјалдемократска партија загуби минатиот месец на парламентарните избори во Финска.