Skip to main content

Несреќа во Финска

Се урна мост во Финска, над 27 повредени, претежно деца

Станува збор за деца кои биле дел од група ученици од осмо одделение, а се враќале од екскурзија.
 |  инфодеск  | 
Финска пешачки мост

Повеќе од 27 лица, главно деца, се повредени денеска при уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо, недалеку од Хелсинки, соопшти спасувачката служба.

Според управата на болницата во Хелсинки, повредите не се опасни по живот, пренесува Ројтерс. Повеќето од примените се здобиле со скршеници на коските откако паднале од „неколку метри“.

Станува збор за деца кои биле дел од група ученици од осмо одделение, а се враќале од екскурзија, пишува финскиот весник „Хелсингинг саномат“, повикувајќи се на изјавата на еден од учениците кој бил на екскурзија, но не бил повреден.
Финските медиуми објавија фотографии на кои се гледаат најмалку пет лица како лежат на земја.