Skip to main content

Експлозија на гас

Се урна станбена зграда во Турција

Засега нема информации за потенцијални жртви, ниту за причината за истекувањето на гасот, пренесуваат турските медиуми.
 |  инфодеск  | 
Урната зграда Турција

Станбена зграда во Турција се урна по експлозија предизвикана од истекување гас, јавија турските медиуми.

„Си-ен-ен Турк“ објави дека експлозијата се случила во провинцијата Јозгат, во централниот дел на Турција.

Екипите на итната помош успеале да извлечат четири лица под урнатините.

Засега нема информации за потенцијални жртви, ниту за причината за истекувањето на гасот, пренесуваат турските медиуми.