Кинески патнички авион утринава се лизнал од пистата при полетување во градот Чонгкинг, по што се запалил, јавија кинеските државни медиуми.
Сите 122 лица од авионот „ербас А319-115“, од кои 113 се патници, се евакуирани, а повредените се префрлени во болница, јави агенцијата Синхуа.
Кинеските државни медиуми прикажаа видео од авионот на „Тибет ерлајнс“ од кој излегува црн чад, објави „Кјодо“.
Кон крајот на март, „боинг 737-800“ се урна во регионот Гуангкси Жуанг, при што загинаа 132 лица во авион на „Чајна ерлајнс“.