Skip to main content

Оваа година Земјата ќе има седум милијарди жители

Германскиот фонд за светско население објави дека оваа година бројката на жители на Земјата ќе достигне седум милијарди.

 |  Маја Савиќ  | 
populacija
populacija
populacijaГерманскиот фонд за светско население објави дека оваа година бројката на жители на Земјата ќе достигне седум милијарди.

Минатата година населението на планетата e зголемено за 80 милиони луѓе и достигна 6 милијарди 924 милиони и 196 илјади.

Бројката од седум милијарди ќе се постигне во средината на оваа година, соопштуваат од фондацијата и велат дека секоја секунда во светот се додаваат речиси три новороденчиња.

Најголем раст на населението има во Африка, во 2010 година бројот на жители изнесуваше повеќе од милијарда.

Сепак растот во 2010 година е три милиони помалку отколку во претходната година.

Овој тренд најверојатно ќе продолжи, велат од фондацијата и проценуваат дека бројката на жители од осум милијарди на Земјата ќе биде достигната во 2025 година.

{loadposition content9}