Дали некогаш сте размислувале колку шеќер навистина се крие во храната. Не би било наодмет на амбалажата, помеѓу списокот на јаглени хидрати секогаш да ја проверите и количината на шеќер.
Во Велика Британија годишно се конзумира преку два милиони тони шеќер. Интересно е тоа дека луѓето не се свесни во која сѐ храна се наоѓа. Многумина мислат дека шеќерот се наоѓа само во слатките работи, меѓутоа одреден вид на храна и пијалоци содржат изненадувачки големи количини на шеќер.
Шеќерот се наоѓа во некои пијалоци и храна за кои мислиме дека се здрави, како што се нискокалоричниот јогурт или некои видови на сосови. Помеѓу другите тоа се кечапот, сосовите за салати, но и некои видови на житарици и диетални бисквити.
Шеќерот се додава во некои производи за да бидат повкусни. На пример, кога се отстрануваат мастите од некои намирници, обично се додава шеќер за да се надомести недостатокот на вкус. Поради ова, многу видови на храна како што се нискокалоричните јогурти или грицкалки можат да содржат многу поголема количина на шеќер отколку што мислиме. Постојат таканаречени шеќерни додатоци кои влијаат на продолжена свежина на одредени намирници како што се лебот, житарките па дури и некои зеленчуци.
Познато е тоа дека ако се внесува повеќе шеќер отколку што треба, нашиот црн дроб тоа го претвара во масно ткиво, а тоа пак предизвикува тежина и дебелина со што се зголемува ризикот од заболување од дијабетис или некое срцево заболување, а шеќерот е лош и за забите со оглед на тоа дека бактериите во устата се хранат со него.
Производителите на храна не се обврзани прецизно да ја назначат количината на шеќерните додатоци и природните шеќери, но можете да ги прочитате, во списокот на амбалажата, јаглените хидрати. Ако во 100 грами храна има повеќе од 15 грами шеќер тоа значи дека концентрацијата е голема, а доколку во 100 грами храна се содржи помалку од 5 грами шеќер, тоа значи дека храната е нискокалорична.
{loadposition content9}