Skip to main content

Семејствата на настраданите во падот на авионот на Germanwings ќе добијат 300 милиони долари

Конзорциумот на осигурителни компании го предводи Allianz

 |  инфодеск  | 

Осигурителните компании резервирале 300 милиони долари за падот на германскиот Germanwings во француските Алпи, во кој настрадаа 150 лица, известила германската авио компанија Lufthansa.

Износот опфаќа финансиски надоместок за семејствата на загинатите и трошоци за срушениот авион Airbus 320 во сопственост на дисконтниот превозник Germanwings, рекла за агенцијата AFP портпаролката на групацијата Lufthansa. Со тоа таа го потврдила известувањето на германскиот дневник Handelsblatt. Актуелната каталошка цена на тој тип на авион изнесува 93,9 милиони долари.

Спрема пишувањето на геранскиот весник, конзорциумот на осигурителни компании го предводи германскиот Allianz, кој одбил да одговара на прашањата на агенцијата AFP.

Во понеделникот директорот на Germanwings, Oliver Wagner, изјави дека компанијата веднаш ќе исплати по 50.000 евра на сите фамилии од настраданите и тој износ ќе биде вклучен во конечниот договор за надоместок.

{loadposition content9}