Семејството на Младиќ планира да го прогласи за мртов
Семејството на најбараниот хашки бегалец, планира да поднесе барање до судот во Белград преку кое ќе се обиде да го прогласи Ратко Младиќ за мртов.
| Маја Савиќ | Свет
Ратко Младиќ
Семејството на најбараниот хашки бегалец, планира да поднесе барање до судот во Белград преку кое ќе се обиде да го прогласи Ратко Младиќ за мртов.Но, според српските медиуми и да успеат во тоа, српското обвинителство и Хаг нема да се откажат од потрагата по него.
Семејството на Младиќ се одлучило на тој чекор поради огромниот притисок кој секојдневно го трпи.
Се сомневаат дека би можел да ги преживее условите во бегството, бидејќи на почетокот на оваа деценија имал тешки стомачни и срцеви проблеми, поради кои бил на лечење.
{loadposition content9}