Skip to main content

Шешељ: Во Србија доаѓам за да се осветам

Воислав Шешељ е привремено ослободен поради здравствени проблеми

 |  инфодеск  | 

“Ако воопшто дојдам во Србија нема да се занимавам со моето лекување туку со сите сили ќе се посветам на освета”, им порачал Шешељ, од Хаг, на српските дипломати, јавува Blic.

Со оваа закана Шешељ наводно порачал и дека нема да прифати ничии гаранции и услови. Единствено што го интересира е трибуналот да го ослободи.

Судскиот совет на Хашкиот суд (ICTY) вчера одлучи, лидерот на српските радикали, на кого здравствената состојба му се влошила, да го ослободи привремено за да може да добие соодветна здравствена помош во попримерна околина.

Српските медиуми пренесоа дека Шешељ болува од рак на дебелото црево кој метастазирал на црниот дроб.

Судскиот совет “смета дека итни хуманитани причини одат во прилог за привремено пуштање на слобода на обвинетиот (…) дека се исполнети условите обвинетиот да биде привремено пуштен на слобода во Република Србија”, стои во соопштението за медиумите кој го потпишува претседателот на трочлениот судски совет Jean-Claude Antonetti.

{loadposition content9}