Шест професии за кои ќе владее голем интерес во светот
Идната година по овие професии во ИТ секторот ќе има голема побарувачка
CareerCast направил листа на професии во ИТ индустријата по кои идната година побарувачката ќе биде огромна.
Начинот на кои го спровеле истражувањето е врз основа на висината на платите во 2016 година и важноста на одредени професии во ИТ компаниите, но и растот на побарувачката на тие професии за време на оваа година.
Идната година по овие професии во ИТ секторот ќе има голема побарувачка:
1.Програмери
2.Проектанти на информатички системи
3.Аналитичари за информатичка безбедност
4.Софтверски инженери
5.Аналитичари за податоци
6.Системски и мрежни администратори
Програмер е најбараната професија во ИТ секторот, а како што пишува Business Insider во оваа година тие просечно заработиле 65.000 долари. Очекувањата се дека по оваа професија побарувачката ќе се зголеми дури за 27%.


