Шведски весници објавија карикатури на пророкот Мухамед
Шведските дневни весници „Дагенс нихетер“, „Експресен“ и „Сидсвенска дагбладет“ решија да ги објават карикатурите на пророкот Мухамед прикажан со тело на пес, откако вчера беа обелоденети плановите за убиство на авторот на карикатурите, шведскиот уметник Ларс Вилкс, јави дописникпт на МИА од Гетеборг.
Шведските дневни весници „Дагенс нихетер“, „Експресен“ и „Сидсвенска дагбладет“ решија да ги објават карикатурите на пророкот Мухамед прикажан со тело на пес, откако вчера беа обелоденети плановите за убиство на авторот на карикатурите, шведскиот уметник Ларс Вилкс, јави дописникпт на МИА од Гетеборг.
Карикатурите првпат беа објавени во шведскиот дневен весник „Нерикес алеханда“ есента 2007 година, а што беше проследено со простести и закани против авторот Вилкс и против главниот и одговорен уредник на весникот.
– Заканата против Ларс Вилкс претставува закана против сите Швеѓани, пишува „Дагенс нихетер“ во својот редакциски коментар.
„Експресен“ ги објавува карикарурите како „заземање став во интерес на заштитата на слободата на говорот и изразувањето, бидејќи и тоа што контроверзно или изложено на критики треба да биде објавено“.
Карикатурите на пророкот Мухамед беа прикажани и во вчерашната емисија на Шведската телевизија посветена на најнови културни настани.
Ирската полиција вчера соопшти дека уапсила седум лица кои се осомничени дека подготвувале убиство на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс.
Апсењата уследија по меѓународна истрага за планирање атентат врз Вилкс, за чија ликвидација Ал Каеда објави награда од 100 илјади долари.
Операцијата била изведена соработка со американските и европските разузнавачки служби.
Според ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ, уапсените се јеменски и марокански државјани кои легално престојувале во Ирска.
Шведската телевизија претпладнево јави дека во планирањето на убиството на карикатуристот Вилкс била замешана и извесна Американка, Фатима ла Роус или Џихад-Џејн. Таа е обвинета во САД дека планирала убиство на шведски маж, како и дека се обидувала да ангажира терористи за извршување атентати во Европа и Југоисточна Азија.
Претставник на Стејт департменот потврдил за Си-Ен-Ен дека целта на атентатот што го планирала Џихад-Џејн бил карикатуристот Ларс Вилкс, но нејасно е дали таа била поврзана со претходно уапсените седумина лица во Ирска.
Обвинетата Американка во септември 2009 година ја контактирала Шведската амбасада во САД, распрашувајќи се на каков начин би можела да добие дозвола за престој во Шведска.
{loadposition content9}