©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Двојно убиство во косовска митровица

Си ги убил братот близнак и таткото

Злосторството се случило околу шест часот изутрина на улицата „Крал Петар“ во Северна Митровица, а му претходела расправија.
 |  инфодеск  | 
Убиство Митровица

Две лица се убиени денеска во северниот дел на Косовска Митровица, во напад со ладно оружје, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор, изјави за РТС портпаролот на митровичката полиција Бранислав Радовиќ.

Напаѓачот М.Б во семејниот стан прво го нападнал неговиот брат близнак У.Б., а потоа и неговиот татко М.Б.

Од здобиените повреди на лице место починал У.Б., додека во болница починал таткото.

Напаѓачот М.Б. е роден 1993 година.

Радовиќ изјави дека нападот се случил утрово во 05:50 часот во семејниот стан.

Полицијата го третира настанот како тешко убиство и очекува истрагата да го открие мотивот за насилството и убиството во ова семејство – рече Радовиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top