Две нови дупки се појавија во Сибир по отворањето на џиновскиот кратер пред неполни две седмици на полуостровот Yamal. Едната е во истиот регион на северот од Русија, а другата на полуостровот Taymyr. Двете дупки ги воочиле сточари кои за малку ќе паднеле во нив, пишува Daily Mail.
Изворната дупка ја воочил пилот на хеликоптер и веднаш го привлекло вниманието на јавноста. Сега истото го направија двете помали, но во форма исти и претставуваат нов предизвик за руските но и светските научници.
“Теориите се движат од метеорити, залутани ракети, вештачки подметнувања и вонземјани”, известуваат руските медиуми.
Кратерот во регионот Yamal е со пречник од околу 15 метри, а тој на полуостровот Taymyr е помал и е со пречник од 4 метри.
Кога се појави првиот џиновски кратер, научниците покренаа истражување, а членката на тимот Anna Kurchatova рече дека станува збор за мешавина на вода, сол и гас која предизвикала експлозија, што е последица на глобалното затоплување.
По појавувањето на двете нови дупки, научникот Marina Leibman рекла дека ги видела сликите и дека без сомнение мораат да се проучат сите такви појави. “Потребно е да се предвидат вакви појави”, рекла таа.
{loadposition content9}