Skip to main content

Силно невреме

Сиднеј под вода, наредена евакуација

Делови од градот се соочуваат со четврта вонредна состојба од поплави за година и пол, а дождот предизвика излевање на високи брани и реки.
 |  инфодеск  | 
Сиднеј поплави

Повеќе од 32.000 жители во и околу Сиднеј денеска се евакуираат или се подготвуваат да ги напуштат своите домови, бидејќи најголемиот град во Австралија се подготвува за најлошите поплави во последните 18 месеци.

Делови од градот, кој има пет милиони жители, се соочуваат со четврта вонредна состојба од поплави за една и пол година, а силниот дожд предизвика излевање на високи брани и реки во петокот.

Министерот за вонредни ситуации Мареј Ват изјави дека според последните информации, постои голема шанса поплавите да бидат полоши од претходните три што ги погодија тие области во последните 18 месеци.

Австралиските метеоролози соопштија дека во некои области меѓу Њукасл, северно од Сиднеј и Волонгонг, јужно од Сиднеј, во претходните 24 часа наврнале над 100 сантиметри дожд, а во некои области и над 150 сантиметри.

Ова е блиску до просечните годишни врнежи за крајбрежниот Нов Јужен Велс.

Државниот комесар за итни случаи Карлин Јорк изјави дека силните ветрови корнеле дрвја, оштетувале покриви и ги блокирале патиштата. Таа советуваше да не се патува без итна потреба.